Wednesday, February 27, 2013

СОЛЕНИ ТОРТИ


СОЛЕНА ТОРТА
Состојки:
6 јајца
1 1/2 чаша масло
2 1/4 чаша јогурт
1/2 на прашок за пециво
1/2 лажица морска сол
2 лажички бибер
2 лажици обарен спанаќ 
300 грама сирење
2 варени јајца
1 лажичка сенф
малку пипер
300 грама исечен кашкавал
малку магдонос
малку павлака
Подготовка:
Измешајте 2 жолчките и додадете 2 жолчки од јајце, 1/2 чаша масло, 3/4 шоља јогурт, 3 лажици интегрално брашно, 1/2 лажиче морска сол. На ист начин направете уште 2 кори па додадете црвена пиперка и спанаќ во другата. Печете ги во  квадратен  сад за печење.

Од останатите состојки направете фил. Филувајте ја тортата  со жолта кора на дното и црвена и зелена на врвот. Намачкајте павлака и украсете со варени јајца и рендано сирење.

СОЛЕНА ТОРТА


Брза солена торта

СОЛЕНА ТОРТА

Состојки

  • 3 јајца
  • 150гр сецкана шунка
  • 150гр рендан кашкавал
  • 2 варени рендани моркови
  • 3лажици обарен спанаќ
  • 8лажици брашно
  • 1 пециво
  • 100мл зејтин
  • прелив
  • 250гр кисела павлака
  • 2 варени рендани жолчки или рендан кашкавал

Подготовка

Јајцата се матат со зејтинот, а потоа се додаваат морковот, спанаќот, шунката, кашкавалот, брашното и пецивото. Смесата се меша со лажица и се истура во плехче да се пече(јас обично го печам во 28 или 30)
Одкако ќе се испече се остава да се олади, па се премачкува со павлака и се рендаат варените жолчки или се ренда кашкавал.
Тортата веднаш се прави, а доста е вкусна и декоративна, погодана за слави, родендени и др забави. Навидум изгледа дека е сува но кашкавалот и зејтинот и даваат мекост и кремаст вкус.



Tuesday, February 12, 2013

колачи

Божиќни колачи

Состојки:
 

500g мазно брашно
280g шеќер во прав
4 јајца
4 лажици мед
Малку мелен цимет
мелено каранфилче
Кора од лимон
1 лажица сода бикарбона или прашок за пециво

Подготовка:


Брашното измешајте го со шеќерот, содата, циметот, кората од лимон и меленото каранфилче, потоа додајте ги јајцата и загреаниот мед. Направете тесто и оставете го да мирува 2 часа. После тоа на површина попрскана со брашно растегнете го на дебелина од 5 милиметри. Со помош на калапчиња направете ги вашите омилени фигури и поредете ги на масна тепсија. Така нека останат до следниот ден. Потоа следниот ден пред печење премачкајте ги со јајце, а во средината ставете бадем или орев за декорација. Печете во загреана рерна на 180 степени, а доколку сакате да бидат светли, премачкајте ги со јајце дури откако ќе се испечат. 

колачи


 Ситни колачи со сусам
Потребни состојки:
200 гр еурокрем
200 гр чоколадо за готвење
100 гр сусам
1 пакетче чоко стоби флипс или декоративни мрвици
  Подготовка:
Еурокремот и чоколадото за готвење се растопуваат заедно на тивок оган. Сусамот се потпечува и се додава кон чоколадната смеса. Се меша да се изедначат состојките и додека се' уште е топло се става во хартиени кошнички. Одозгора се става по едно бело топче чоко стоби флипс, шарени мрвици или друга декорација.

Торти


Бајадера торта

Долна кора: 
300 г мелени плазма бисквити
125 г маргарин
100 г шеќер во прав
Средна кора: 
250 г мелени ореви
1 филџан за кафе врело млеко
125 г маргарин
100 г шеќер во прав
Трета кора: 
2 кесички пудинг од ванила
800 мл млеко
250 г маргарин
150 г шеќер во прав
2 кесички шлаг пена
млеко

Долна кора:
Маргаринот и шеќерот во прав се матат пенасто. Се додава мелената плазма и се соединува смесата. Тавата се премачкува со маргарин и се става долната кора. Тавата се става во фрижидер. 

Средна кора:
Мелените ореви се попаруваат со врело млеко, се меша и се остава да се излади. Маргаринот се мати пенасто со шеќерот во прав, а потоа се соединува со ладните ореви. Смесата се нанесува над долната кора, се рамни и се враќа во фрижидер. 

Трета кора:
Пудинзите се варат во млекото и се оставаат да се изладат, повремено се промешува. Маргаринот се мати пенасто со шеќерот во прав и се меша со ладниот пудинг, сè добро се мати и се нанесува над втората кора. Тортата повторно се става во фрижидер. Шлаг пената се мати со млеко и се нанесува над третата кора. Се украсува по желба. 

Овошни салати


Салата од ананас со кокос, рум и индиски ореви

Приготвување:
Излупете го и исечкајте го ананасот.
Во суво тавче потпечете ги индиските ореви и зрнцата кокос. Здробете ги индиските ореви на не многу ситни парчиња.
Измешајте го шлагот со медот и румот. Ставете ги сите состојки (освен индиските ореви) во фрижидер.
Пред сервирањето прелејте ја смесата од рум и шлаг врз парчињата ананас и украсете со индиските ореви.
Состојки:
2 зрели ананаси
100 г индиски ореви
50 г зрнца кокос
2 дл шлаг
2 лажици мед
2 лажици рум

Sunday, February 10, 2013


БИНГО ТОРТА

Кора : 6 јајца, 6 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 3 лажици зејтин 1 пециво, 7 лажици мелени ореви, 1 лажица какао.

Крем : 1,5 литри млеко, 400гр шеќер, 5 пудинзи од ванила, 250 гр маргарин, 150 гр мелени бисквити, 150гр растопено чоколадо, 1/2 лит. павлака за шлаг, сок од портокал, Јафа (ресани) кекс пишкоти.
Подготовка :
Се вари пудингот и млекото и откако малку ќе олади се додава маргаринот. Кремот се дели на 3 дела. Во првиот се додаваат бисквитите, во вториот растопеното чоколадо а третиот останува жолт.

Кората се прска малку со сок од портокал и се мачка со кремот од бисквити. Потоа се редат ресани натопени во млеко со чоколадото превртени надолу. Потоа се става филот со чоколадо. На него се редат пишкоти (или бисквити) малку натопени во сок од портокал а потоа се става жолтиот крем. Цела торта се премачкува со павлака или шлаг-пена и се декорира по желба

Медена торта

200 мл (силен) црн чај
200 гр. мед
100 гр. шеќер
200 мл млеко
540 гр брашно
1/2 чаша ореви
3 гр цимет
3 гр каранфилче
1 мала лажичка сода
малку сол

Начин на приготвување


Медот и шеќерот стопете ги во жешкиот чај, додадете го и маслото и на тивок оган додавајте ја содата и брашното со непрекинато мешање. На крај додадете ги и зачините

Печете во намаслен и набрашнет сад во предходно загреана рерна
Откакао ќе се испече наросете го со ванилин шеќер во прав

Thursday, January 31, 2013

солени торти

СОЛЕНА ТОРТА СО ШУНКА И КАШКАВАЛ

ПОТРЕБНО Е: 

Состојки за кората: 

l 100 г маргарин

l 100 г брашно

l 0,5 дл млеко

l 6 јајца

l сол

За филот: 

l 300 г шунка

l 300 г кашкавал

l 2 дл кисела павлака

l 200 г мајонез

l малку сечкани краставички

l магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1
На стопен маргарин пропржете го брашното, па сипете по малку од млекото и со постојано мешање варете се' додека не се згусне. Во оладената смеса додадете една по една жолчка и, на крајот, цврст снег од белки. 

2
Сипете го во големо плехче прекриено со мрсна хартија и печете на 200 степени околу 30 минути.

3
За филот ситно исечкајте ја шунката и краставичките, изрендајте го кашкавалот и сето тоа измешајте го со павлаката и мајонезот.

4
Оладената кора пресечете ја на два дела, па едниот премачкајте го со филот, а одозгора ставете го другиот дел од кората и малку притиснете.

5
Одозгора премачкајте уште со 200 г крем сирење (или кисела павлака), изрендајте кашкавал и декорирајте по желба. Пред служење, ставете ја тортата да се олади

КАФЕ КРЕМ ТОРТА
Потребни состојки:
-        250 гр.шеќер кристал
-        14 јајца
-        100 гр. Брашно
-        250 гр.шеќер во прав
-        50 гр. Чоколадо
-        2 кесички ванила
-        250 гр. Путер
-        2 дл. Јако варено кафе
Подготовка:
Со миксер матиме 8 жолчки и притоа го додаваме шеќерот кристал и брашното. Во половина од оваа смеса се додава една кесичка ванила и се пече во тркалезен калап, додека во другата половина се ренда чоколадо и истото се пече во тркалезен калап. По печењето двете теста ги сечеме на две кори по хоризонтала. За подготовка на кремот ни се потребни 6 жолчки,шеќер во прав,кафе и 1 кесичка ванила. Оваа смеса се вари на пареа се дури не се згусне. Откога ќе се излади кремот додаваме претходно изматен путер и ги соединуваме двете смеси. Потоа корите наизменично ги филуваме со кремот и украсуваме по желба.

Wednesday, January 30, 2013


 МИЛКА ТОРТА
Потребни состојки:
12 јајца
10 лажици шеќер
375 г маргарин (едно и пол маргарин)
300 г мелена плазма
600 г обични плазма бисквити
2 бели и 2 темни Милка чоколади

Подготовка:
Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да се вари на пареа за да згусне, притоа постојано се мати со миксерот. Посебно се мати маргаринот и се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки. Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со шлаг.

 Ролат со крем банани
Потребни состојки:
500гр бисквити
1 маргарин
3 јајца
3 лажици какао
7 лажици шеќер
5-6 крем банани/банани

Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот и какаото, полека мешајте. Оставете да се олади па додадете ги јајцата, потоа додајте ги бисквитите (претходно искршени на ситни парченца) и промешајте.

На тавчето ставете фолија и половината од смесата (во правоаголна форма) и врз неа ставете ги крем бананите (или бананите), потоа и другата половина. Со помош на фолијата обликувајте го ролатот.
Овошна торта

6 јајца се матат со 18 лажици шеќер, 18 лажици топла вода, 18 лажици брашно и пола пециво. Смесата се пече на 200 степени околу 25 минути. Испеченото тесто се остава да се олади.
Фил: 700 мл вода се става да зоврие со 300 гр шеќер, потоа во истата вода се става сецкано овошје, да се свари и потоа се вади овошјето настрана во друг сад. Во водата се стават 2 пудинга од ванила да се сварат и потоа се сипуваат врз тестото. Одозгора се реди свареното овошје. Се филува со шлаг крема и декорира со овошје. Се става во фрижидер околу 2 часа да се олади и стврдне. Добар аптетит.

Палачинки



Чоколадна торта од палачинкиПотребни состојки за палачинките:
  • 3 јајца
  • 250 г брашно
  • 200 мл млеко
  • прстофат сол
Потребни состојки за шлагот:
  • 300 мл слатка павлака
  • 3 лажици какао
  • 3 лажици ванилин шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички ликер од лешник
Потребни состојки за чоколадна глазура
  • 100 црно или млечно чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажичка ликер од лешник
Начин на подготовка:
1. За подготовка на палачинките најпрво измешајте ги јајцата, солта и млекото, а потоа мешајќи непрекинато додавајте го и брашното. Смесата оставете ја половина час да отстои, а потоа во врело тавче со малку масло за готвење, печете една по една палачинка.
2. Слатката павлака изматете ја во голем сад, спрема упатството на нејзиното пакување. Постепено дури матите додадете го ванилинот шеќер, а потоа и какаото. Додајте ги и ликерот од лешник и екстрактот од ванила и мешајте додека не добиете еднолична смеса.
3. Редете ги палачинките една врз друга, а измеѓу секоја мачкајте по еден слој од филот.
4. Чоколадото исечкајте го на коцкички и ставете го во сад. Слатката павлака ставете ја во лонец на оган додека не почне да врие, а потоа прелијте го чоколадото со неа. Веднаш почнете да мешате додека не добиете еднолична смеса, а на крајот додадете го и ликерот.
5. Глазурата истурете ја врз наредената торта, а дополнително тортата можете да ја декорирате со цели или мелени лешници.

ЧОКОЛАДНА ТОРТА

Потребни состојки :
за тесто: 6 јајца
              24 лажици шеќер
              24 лажици млеко
              24 лажици масло
              24 лажици брашно
              1 пециво
за фил: 300 мл вода
            300гр.шеќер
            1 ванилин шеќер
            2 портокали ( претходно замрзнати во замрзнувач)
            2 чоколада за готвење
Јајцата се матат со шеќерот, и се додаваат преостанатите состојки за тесто.Се обложува голем четвртаст плех за печење и се пече на 200 степени.
Потоа се подготвува филот : се рендаат замрзнатите портокали на ситна страна од рендето.На оган во тенџере се ставаат водата и шеќерот и се додаваат изренданите портокали.Топлиот фил го ставаме врз испечениот пандишпан.Врз филот ги рендаме чоколадата за готвење.Се сече на коцки !!! 

Thursday, January 10, 2013

Пита од чоколадо и малини

Состојки

  • 300 гр. бисквити
  • 1 лажица какао
  • 50 гр. путер
  • 400 гр. млеко добро изладено во фрижидер
  • 2 лажици шеќер
  • 300 мл. шлаг пена од ќесичка
  • 1 лимон
  • 100 гр. малини
  • 100 гр. чоколадо
  • малини за декорација

Упатство

DSC_1072Измијте ги малините и оставете ги да се исушат. Потоа земете 100 гр. малини и раздробете ги во една чинија со вилушка.
Сомелете ги бисквитите. Изрендајте го целото чоколадо и одвојте на страна 2 лажици за декорација. Измешајте ги во еден поголем сад бисквитите, какаото, омекнат путер и ренданото чоколадо со миксер додека да добиете изедначена смеса. Истурете ја оваа смеса во едно тавче и потоа со рацете притиснете ја добро на дното од тавчето и по зидовите. Потребно е целото тавче рамномерно да го обложите со бисквитната смеса. Потоа ставете го тавчето во фрижидер.
Изматете ја шлаг пената по упатството на ќесичката.
Додадете ги изладеното млеко, шеќерот и сокот од лимон во еден подлабок сад и добро изматете ги со електричен миксер. Потоа додадете ги постепено шлаг пената и малините и добро измешајте го кремот. Извадете го тавчето со бисквитот од фрижидер и рамномерно истурете го кремот внатре. Декорирајте го со двете лажици рендано чоколадо и останатите малини. Пред сервирање овој десерт мора да се излади во фрижидер најмалку 4 часа.


Мини нутела колачиња





nutela_kolacinjaСостојки


  • 150 гр. Nutella
  • 1 јајце големо
  • 5 лажици брашно
  • 1/2 чаша лешници исецкани
  • 1/4 чаша кикирики исецкани

Упатство


Загрејте ја рерната на 180 степени. Додадете ја нутелата и јајцето во еден сад и мешајте со жица за матење додека не се изедначи. Додадете ги лажиците брашно и продолжете со мешање. Откако ке се добие хомогена смеса, додадете ги исецканите лешници и кикирики. Распоредете ја смесата во 12 хартиени калапчиња за колачи и ставете ги калапчињата во плех. Ставете ги колачињата да се печат 10-12 минути и потоа оставете ги да се изладат пред да ги послужите.