За чоколадото...


Чоколадото опфаќа голем број на сурови и процесирани хранливи производи што имаат потекло од семето на тропското какао дрво. Тоа е честа состојка на многу видови на слаткарски производи како што се чоколадните плочки (најпознати едноставно како чоколадо), малите чоколатца, сладолед, колачи, торти, пити, чоколаден мус (крем) и други десерти. Тоа е една од најпопуларните (или најпрепознатливите) вкусови во светот.

Чоколадото се користело кај Средно-Американските цивилизации, односно се користело семето од какао дрвото Theobroma, кое било одгледувано од многу цивилизации од времето пред Колумбо како што се Маите и Ацтеките. Семето било основа кое измешано со вода се користело како основна компонента за разни пијалоци, како слатки така и горчливи, кои биле наменети за најплеменитите луѓе и свештениците. Чоколадото се прави со ферментирано и печено семе земено од мешунката на тропското какао дрво Theobroma cacao, кое потекнувало од ниските предели на Јужна Америка, Средна Америка и Мексико, но сега се одгледува во сите тропски предели. Семето има интензивен горчлив вкус. Крајните продукти се познати како „чоколада“ или „какао“.


Денес, под поимот „чоколадо“ најчесто се подразбира на чоколадните плочки направени како комбинација од семе на какао, маснотии, шеќер и други состојки кои имаат точка на топење малку помала од телесната температура. Содржи и алкалоиди како што се теобромин и фенетиламин и има многубројни физиолошки ефекти на телото (се поврзува со нивото на сератонин во мозокот).
Чоколадото често се произведува во мали калапи во форма на правоаголници, животни, луѓе или објекти кои служат за славење на некои фестивали ширум светот. На пример, постојат калапи во форма на зајаци или јајца за Велигден, парички за Ханука, Св. Никола (или Дедо Мраз) за Божиќ и срца за Денот на вљубените. Чоколадото може да се прави и во вид на пијалок наречен какао или топло чоколадо, кое потекнува од Маите и Ацтеките.

извор: Википедија

No comments:

Post a Comment