Thursday, January 10, 2013

Пита од чоколадо и малини

Состојки

  • 300 гр. бисквити
  • 1 лажица какао
  • 50 гр. путер
  • 400 гр. млеко добро изладено во фрижидер
  • 2 лажици шеќер
  • 300 мл. шлаг пена од ќесичка
  • 1 лимон
  • 100 гр. малини
  • 100 гр. чоколадо
  • малини за декорација

Упатство

DSC_1072Измијте ги малините и оставете ги да се исушат. Потоа земете 100 гр. малини и раздробете ги во една чинија со вилушка.
Сомелете ги бисквитите. Изрендајте го целото чоколадо и одвојте на страна 2 лажици за декорација. Измешајте ги во еден поголем сад бисквитите, какаото, омекнат путер и ренданото чоколадо со миксер додека да добиете изедначена смеса. Истурете ја оваа смеса во едно тавче и потоа со рацете притиснете ја добро на дното од тавчето и по зидовите. Потребно е целото тавче рамномерно да го обложите со бисквитната смеса. Потоа ставете го тавчето во фрижидер.
Изматете ја шлаг пената по упатството на ќесичката.
Додадете ги изладеното млеко, шеќерот и сокот од лимон во еден подлабок сад и добро изматете ги со електричен миксер. Потоа додадете ги постепено шлаг пената и малините и добро измешајте го кремот. Извадете го тавчето со бисквитот од фрижидер и рамномерно истурете го кремот внатре. Декорирајте го со двете лажици рендано чоколадо и останатите малини. Пред сервирање овој десерт мора да се излади во фрижидер најмалку 4 часа.


No comments:

Post a Comment