Tuesday, February 12, 2013

колачи

Божиќни колачи

Состојки:
 

500g мазно брашно
280g шеќер во прав
4 јајца
4 лажици мед
Малку мелен цимет
мелено каранфилче
Кора од лимон
1 лажица сода бикарбона или прашок за пециво

Подготовка:


Брашното измешајте го со шеќерот, содата, циметот, кората од лимон и меленото каранфилче, потоа додајте ги јајцата и загреаниот мед. Направете тесто и оставете го да мирува 2 часа. После тоа на површина попрскана со брашно растегнете го на дебелина од 5 милиметри. Со помош на калапчиња направете ги вашите омилени фигури и поредете ги на масна тепсија. Така нека останат до следниот ден. Потоа следниот ден пред печење премачкајте ги со јајце, а во средината ставете бадем или орев за декорација. Печете во загреана рерна на 180 степени, а доколку сакате да бидат светли, премачкајте ги со јајце дури откако ќе се испечат. 

колачи


 Ситни колачи со сусам
Потребни состојки:
200 гр еурокрем
200 гр чоколадо за готвење
100 гр сусам
1 пакетче чоко стоби флипс или декоративни мрвици
  Подготовка:
Еурокремот и чоколадото за готвење се растопуваат заедно на тивок оган. Сусамот се потпечува и се додава кон чоколадната смеса. Се меша да се изедначат состојките и додека се' уште е топло се става во хартиени кошнички. Одозгора се става по едно бело топче чоко стоби флипс, шарени мрвици или друга декорација.

Торти


Бајадера торта

Долна кора: 
300 г мелени плазма бисквити
125 г маргарин
100 г шеќер во прав
Средна кора: 
250 г мелени ореви
1 филџан за кафе врело млеко
125 г маргарин
100 г шеќер во прав
Трета кора: 
2 кесички пудинг од ванила
800 мл млеко
250 г маргарин
150 г шеќер во прав
2 кесички шлаг пена
млеко

Долна кора:
Маргаринот и шеќерот во прав се матат пенасто. Се додава мелената плазма и се соединува смесата. Тавата се премачкува со маргарин и се става долната кора. Тавата се става во фрижидер. 

Средна кора:
Мелените ореви се попаруваат со врело млеко, се меша и се остава да се излади. Маргаринот се мати пенасто со шеќерот во прав, а потоа се соединува со ладните ореви. Смесата се нанесува над долната кора, се рамни и се враќа во фрижидер. 

Трета кора:
Пудинзите се варат во млекото и се оставаат да се изладат, повремено се промешува. Маргаринот се мати пенасто со шеќерот во прав и се меша со ладниот пудинг, сè добро се мати и се нанесува над втората кора. Тортата повторно се става во фрижидер. Шлаг пената се мати со млеко и се нанесува над третата кора. Се украсува по желба. 

Овошни салати


Салата од ананас со кокос, рум и индиски ореви

Приготвување:
Излупете го и исечкајте го ананасот.
Во суво тавче потпечете ги индиските ореви и зрнцата кокос. Здробете ги индиските ореви на не многу ситни парчиња.
Измешајте го шлагот со медот и румот. Ставете ги сите состојки (освен индиските ореви) во фрижидер.
Пред сервирањето прелејте ја смесата од рум и шлаг врз парчињата ананас и украсете со индиските ореви.
Состојки:
2 зрели ананаси
100 г индиски ореви
50 г зрнца кокос
2 дл шлаг
2 лажици мед
2 лажици рум