Sunday, February 10, 2013


БИНГО ТОРТА

Кора : 6 јајца, 6 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 3 лажици зејтин 1 пециво, 7 лажици мелени ореви, 1 лажица какао.

Крем : 1,5 литри млеко, 400гр шеќер, 5 пудинзи од ванила, 250 гр маргарин, 150 гр мелени бисквити, 150гр растопено чоколадо, 1/2 лит. павлака за шлаг, сок од портокал, Јафа (ресани) кекс пишкоти.
Подготовка :
Се вари пудингот и млекото и откако малку ќе олади се додава маргаринот. Кремот се дели на 3 дела. Во првиот се додаваат бисквитите, во вториот растопеното чоколадо а третиот останува жолт.

Кората се прска малку со сок од портокал и се мачка со кремот од бисквити. Потоа се редат ресани натопени во млеко со чоколадото превртени надолу. Потоа се става филот со чоколадо. На него се редат пишкоти (или бисквити) малку натопени во сок од портокал а потоа се става жолтиот крем. Цела торта се премачкува со павлака или шлаг-пена и се декорира по желба

No comments:

Post a Comment