Thursday, January 31, 2013

солени торти

СОЛЕНА ТОРТА СО ШУНКА И КАШКАВАЛ

ПОТРЕБНО Е: 

Состојки за кората: 

l 100 г маргарин

l 100 г брашно

l 0,5 дл млеко

l 6 јајца

l сол

За филот: 

l 300 г шунка

l 300 г кашкавал

l 2 дл кисела павлака

l 200 г мајонез

l малку сечкани краставички

l магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1
На стопен маргарин пропржете го брашното, па сипете по малку од млекото и со постојано мешање варете се' додека не се згусне. Во оладената смеса додадете една по една жолчка и, на крајот, цврст снег од белки. 

2
Сипете го во големо плехче прекриено со мрсна хартија и печете на 200 степени околу 30 минути.

3
За филот ситно исечкајте ја шунката и краставичките, изрендајте го кашкавалот и сето тоа измешајте го со павлаката и мајонезот.

4
Оладената кора пресечете ја на два дела, па едниот премачкајте го со филот, а одозгора ставете го другиот дел од кората и малку притиснете.

5
Одозгора премачкајте уште со 200 г крем сирење (или кисела павлака), изрендајте кашкавал и декорирајте по желба. Пред служење, ставете ја тортата да се олади

КАФЕ КРЕМ ТОРТА
Потребни состојки:
-        250 гр.шеќер кристал
-        14 јајца
-        100 гр. Брашно
-        250 гр.шеќер во прав
-        50 гр. Чоколадо
-        2 кесички ванила
-        250 гр. Путер
-        2 дл. Јако варено кафе
Подготовка:
Со миксер матиме 8 жолчки и притоа го додаваме шеќерот кристал и брашното. Во половина од оваа смеса се додава една кесичка ванила и се пече во тркалезен калап, додека во другата половина се ренда чоколадо и истото се пече во тркалезен калап. По печењето двете теста ги сечеме на две кори по хоризонтала. За подготовка на кремот ни се потребни 6 жолчки,шеќер во прав,кафе и 1 кесичка ванила. Оваа смеса се вари на пареа се дури не се згусне. Откога ќе се излади кремот додаваме претходно изматен путер и ги соединуваме двете смеси. Потоа корите наизменично ги филуваме со кремот и украсуваме по желба.