Wednesday, January 30, 2013


ЧОКОЛАДНА ТОРТА

Потребни состојки :
за тесто: 6 јајца
              24 лажици шеќер
              24 лажици млеко
              24 лажици масло
              24 лажици брашно
              1 пециво
за фил: 300 мл вода
            300гр.шеќер
            1 ванилин шеќер
            2 портокали ( претходно замрзнати во замрзнувач)
            2 чоколада за готвење
Јајцата се матат со шеќерот, и се додаваат преостанатите состојки за тесто.Се обложува голем четвртаст плех за печење и се пече на 200 степени.
Потоа се подготвува филот : се рендаат замрзнатите портокали на ситна страна од рендето.На оган во тенџере се ставаат водата и шеќерот и се додаваат изренданите портокали.Топлиот фил го ставаме врз испечениот пандишпан.Врз филот ги рендаме чоколадата за готвење.Се сече на коцки !!! 

No comments:

Post a Comment