Thursday, January 10, 2013

Пита од чоколадо и малини

Состојки

  • 300 гр. бисквити
  • 1 лажица какао
  • 50 гр. путер
  • 400 гр. млеко добро изладено во фрижидер
  • 2 лажици шеќер
  • 300 мл. шлаг пена од ќесичка
  • 1 лимон
  • 100 гр. малини
  • 100 гр. чоколадо
  • малини за декорација

Упатство

DSC_1072Измијте ги малините и оставете ги да се исушат. Потоа земете 100 гр. малини и раздробете ги во една чинија со вилушка.
Сомелете ги бисквитите. Изрендајте го целото чоколадо и одвојте на страна 2 лажици за декорација. Измешајте ги во еден поголем сад бисквитите, какаото, омекнат путер и ренданото чоколадо со миксер додека да добиете изедначена смеса. Истурете ја оваа смеса во едно тавче и потоа со рацете притиснете ја добро на дното од тавчето и по зидовите. Потребно е целото тавче рамномерно да го обложите со бисквитната смеса. Потоа ставете го тавчето во фрижидер.
Изматете ја шлаг пената по упатството на ќесичката.
Додадете ги изладеното млеко, шеќерот и сокот од лимон во еден подлабок сад и добро изматете ги со електричен миксер. Потоа додадете ги постепено шлаг пената и малините и добро измешајте го кремот. Извадете го тавчето со бисквитот од фрижидер и рамномерно истурете го кремот внатре. Декорирајте го со двете лажици рендано чоколадо и останатите малини. Пред сервирање овој десерт мора да се излади во фрижидер најмалку 4 часа.


Мини нутела колачиња





nutela_kolacinjaСостојки


  • 150 гр. Nutella
  • 1 јајце големо
  • 5 лажици брашно
  • 1/2 чаша лешници исецкани
  • 1/4 чаша кикирики исецкани

Упатство


Загрејте ја рерната на 180 степени. Додадете ја нутелата и јајцето во еден сад и мешајте со жица за матење додека не се изедначи. Додадете ги лажиците брашно и продолжете со мешање. Откако ке се добие хомогена смеса, додадете ги исецканите лешници и кикирики. Распоредете ја смесата во 12 хартиени калапчиња за колачи и ставете ги калапчињата во плех. Ставете ги колачињата да се печат 10-12 минути и потоа оставете ги да се изладат пред да ги послужите.