ТОРТИ



Васина торта

Пандишпан:
Се матат шест јајца,со шест лажици шеќер,се додаваат шест лажици ореви (ситно мелени) и четири лажици брашно,еден прашок за пециво и еден ванилин шеќер.Се пече на мрсна харија на голем плех на 200 степени.(во пандишпанот по желба може да се додаде кора од  портокал)
Фил:
Се матат 4 жолчки со 250 грама шеќер во прав на пареа.Се додава 100 грама стопена чоколада за готвење, сок од 1 портокал и рендана кора од портокал.Со 100 грама млеко се попаруваат 300 грама ореви и се додаваат во јајцата со шеќерот во прав,а потоа се додава 250грама путер и сето тоа добро се мати.Добро нека се олади,а потоа се брз пандишпанот се филува и повторно се остава да се олади за да филот убаво се стегне.Од останатите белки се прави шлаг и се филува тортата.

No comments:

Post a Comment