Wednesday, February 27, 2013

СОЛЕНИ ТОРТИ


СОЛЕНА ТОРТА
Состојки:
6 јајца
1 1/2 чаша масло
2 1/4 чаша јогурт
1/2 на прашок за пециво
1/2 лажица морска сол
2 лажички бибер
2 лажици обарен спанаќ 
300 грама сирење
2 варени јајца
1 лажичка сенф
малку пипер
300 грама исечен кашкавал
малку магдонос
малку павлака
Подготовка:
Измешајте 2 жолчките и додадете 2 жолчки од јајце, 1/2 чаша масло, 3/4 шоља јогурт, 3 лажици интегрално брашно, 1/2 лажиче морска сол. На ист начин направете уште 2 кори па додадете црвена пиперка и спанаќ во другата. Печете ги во  квадратен  сад за печење.

Од останатите состојки направете фил. Филувајте ја тортата  со жолта кора на дното и црвена и зелена на врвот. Намачкајте павлака и украсете со варени јајца и рендано сирење.

СОЛЕНА ТОРТА


Брза солена торта

СОЛЕНА ТОРТА

Состојки

  • 3 јајца
  • 150гр сецкана шунка
  • 150гр рендан кашкавал
  • 2 варени рендани моркови
  • 3лажици обарен спанаќ
  • 8лажици брашно
  • 1 пециво
  • 100мл зејтин
  • прелив
  • 250гр кисела павлака
  • 2 варени рендани жолчки или рендан кашкавал

Подготовка

Јајцата се матат со зејтинот, а потоа се додаваат морковот, спанаќот, шунката, кашкавалот, брашното и пецивото. Смесата се меша со лажица и се истура во плехче да се пече(јас обично го печам во 28 или 30)
Одкако ќе се испече се остава да се олади, па се премачкува со павлака и се рендаат варените жолчки или се ренда кашкавал.
Тортата веднаш се прави, а доста е вкусна и декоративна, погодана за слави, родендени и др забави. Навидум изгледа дека е сува но кашкавалот и зејтинот и даваат мекост и кремаст вкус.