Wednesday, January 30, 2013


 Ролат со крем банани
Потребни состојки:
500гр бисквити
1 маргарин
3 јајца
3 лажици какао
7 лажици шеќер
5-6 крем банани/банани

Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот и какаото, полека мешајте. Оставете да се олади па додадете ги јајцата, потоа додајте ги бисквитите (претходно искршени на ситни парченца) и промешајте.

На тавчето ставете фолија и половината од смесата (во правоаголна форма) и врз неа ставете ги крем бананите (или бананите), потоа и другата половина. Со помош на фолијата обликувајте го ролатот.

No comments:

Post a Comment