КОЛАЧИ


CIMG8522 copy



 

Состојки

  • 400 гр. мандарини околу 5-6
  • 125 гр. маргарин
  • 3 јајца
  • 250 гр. шеќер
  • 200 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 70 гр. кокос

За сируп:

  • 150 мл. сок од мандарини чист
  • 150 гр. шеќер

За посипување:

  • шеќер во прав

Упатство

0
1. За смесата

- Најпрво измијте ги мандарините, ставете во сад со ладна вода и нека се варат околу 2 мин., тргнете од огнот, исфрлете ја таа вода, повторно измијте и налијте ладна вода, повторно ги ставете да се варат. Откако се провариле, тргнете… исцедете ги и испасирајте ги. Добиената пулпа тргнете ја настрана да се олади.

- Маргаринот растопете го и тргнете го исто така да се лади.
- Во брашното додадете го пецивото и кокосот – измешајте ги.
- Матете ги јајцата и шеќерот, откако сте ги сматиле додајте ја пулпата од мандарини, стопениот маргарин и измешаното брашно со пецивото и кокосот.
- Добиената смеса ставете ја во калапи за мафини, кугловчиња мали притоа водејки сметка дека треба да оставите 1 см. празни – ќе нараснат па да не ви претечат.
- Се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 15 мин.
- Извадете и нека оладат. Секој мафин или кугловче извадете ги од модлите – но пак потоа вратете ги назад.
2. Сируп за залевање
- истискајте ги мандарините на број толку колку да добиете сок во количина од 150 мл. ставете го шеќерот и нека проврие.
- Врелиот сируп со лажица залевајте го врз оладените мафини или кугловчињата мали.
- Откако го впиле сирупот – извадете ги, при служење посипете со прав шекер.
Совет
- Овој колач не мора да го печете во модли за мафини или кугловчиња мали… можете целата смеса да ја печете во модла или тавче – но тогаш времето за печење е подолго. Најлесно ке проверите дали е печено кога со раката ке ја допрете кората – ако е веке цврста- готово е, ако е мека – продолжете со печење, или нај едноставно – со чачкалица проверете дали е печено (ова е најсигурно).
- За мене важи секој пат едно првило – кога и да правам било каков парен колач, тогаш или користам само остро или направам мешавина од брашното и тоа пола- пола… денес ставив 100 гр. остро – 100 грама меко брашно.
- Секогаш ги печам во формите за мафини или кугловчињата – покрај тоа што веке секое колаче е подинечно – не е за занемарување дека е потребно пократко време за печење.
- Доколку не одстапите од ниту една состојка и грамажата која е напишана.. верувајте дека нема да зажалите.
Откако ќе го вкусите ова освежување- имајте на ум дека можете во сред лето да го спремите доколку си направите пулпа и истата ја замрзнете.




No comments:

Post a Comment